Убав гест на фудбалерот на Реал Мадрид

Роналдо треба да учи од Модриќ, Хрватот ќе дојде во Париз за да му ја предаде „Златната топка“ на Лео Меси

Лука Модриќ иако не се најде ниту помеѓу 30-мината кандидати за „Златната топка", ќе се појави на церемонијата во Париз за да му ја предаде наградата на Лео Меси.

Хрватот ја прекина доминациајта на Лео Меси и Кристијано Роналдо која траеше десет години и лани се закити со престижната индивидуална награда „Златна топка“. Тогаш, Лео Меси и Кристијано Роналдо разочарани што останаа без трофејот, не се појавија на церемонијата.

ЦР7 и оваа година нема да се појави бидејќи наградата ќе заврши во рацете на Лео Меси. Но за разлика од нив, Лука Модриќ е вистински фудбалски џентлмен. Според пишувањата на Марка, Лука Модриќ ќе присуствува на церемонијата и покрај тоа што не се најде ниту помеѓу 30-мината кандидати.

Весникот пишува дека Лука Модриќ ќе биде во Париз за лично да му ја предаде наградата на Лео Меси.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе