Многу прашалници за иднината на ЦР7

Роналдо топ тема во трансфер шпекулациите, од трампа со Нејмар до враќање на Олд Трафорд

Медиумите продолжуваат да пишуваат за заминување на Кристијано Роналдо од Јувентус, едни написи велат за трампа со Нејмар, други за враќање на ЦР7 во Манчестер јунајтед.

Во последно време, името на Кристијано Роналдо често е дел од трансфер шпекулациите, се говори дека следното лето Португалецот ќе биде ставен на продажба.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо синоќа порача дека има само пет или шест клубови кои би можеле да потпишат со ЦР7 и „светците“ се дел од тој затворен круг.

Според новинарит Кристијан Мартин, и Манчестер јунајтед е кандидат, „ѓаволите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Португалецот за да му кажат дека сакаат да го ангажираат следното лето. Тој додава дека Кристијано Роналдо размислува за враќање на Олд Трафорд и Јувентус ќе седне на преговори доколку напаѓачот изрази желба да ја промени средината.

Во Италија пак има неколку различни стории. Според Тутомеркатовеб, се разгледува можноста Роналдо да биде трампан за Нејмар.

Тутоспорт пак пишува дека во моментов ниту Роналдо ниту пак Јувентус сакаат да се разделат на крајот од сезоната, ЦР7 сака да остане и да ја освои Лигата на шампиони.

Газета дело Спорт пак пренесува дека Роналдо може да си замине од Торино само под еден услов, односно Јувентус да има лоша сезона.

„Доколку резултатите кои ги очекува Роналдо не бидат остварени, тој може да побара нов клуб и ПСЖ е една опција“ – пишува весникот од Милано.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе