Сега малку олабавил, но порано било сериозно

Роналдо тешко поднесува пораз: Порано кога ќе загубев не можев ни да вечерам

Во големо интервју за „ТВИ“, Кристијано Роналдо меѓудругото открива каков бил порано кога ќе загубел меч.

Кристијано Роналдо никогаш не сака да губи, но порано поразите ги сфаќал на многу посериозен начин.
 
„До пред неколку години бев лош губитник. Ако загубев, понекогаш не одев ниту на вечера. Одев директно во мојата соба и излегував дури следниот ден“, открива Роналдо.
 
„Како созревав сфатив дека фудбалот не е најважната работа во животот. Јасно е дека треба да бидеш фокусиран бидејќи тоа е твојата работа, но исто така можеш и да се исклучиш од него“.
 
„Георгина не знае ништо за фудбалот и среќен сум што е така. Таа размислува како мене и ми дава поддршка во моите избори, како тој да дојдеме во Торино“.
 
„Би можел да ја завршам кариерата следната година, но исто така би можел да играм до 40, 41. Не знам, но отсекогаш сум велел дека треба да уживате во моментот. Сегашноста е одлична, уживам“.
 
„Не ми треба фудбалот за да живеам убаво, финансиски сум добар. Тоа што ми треба се атрактивни проекти и Јувентус е таков. Отсекогаш сум го сакал бидејќи е најдобар во Италија и еден од најдобрите во светот“.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе