ЕВРО 2020

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на ЕП, Португалија тргна со победа (ВИДЕО)

Португалија долго се мачеше да го скрши отпорот на Унгарија, но имаа фуриозен финиш во кој постигнаа три гола и на крајот славеа убедливо со 3-0, Роналдо урна нов рекорд. 

Португалците дојдоа до трите планирани бодови против Унгарија во меч кој се играше на полн стадион, за првпат по долго време.
 
Унгарија играше дефанзивно и долго време одолеваше на нападите на Португалија, но откако примија еден, брзо уште двапати ја вадеа топката од мрежата.
 
Кристијано Роналдо постигна два гола и стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства со вкупно 11 погодоци, претходно со Платини беше израмнет со по девет.
 
Отпорот на Унгарците беше скршен во 84. минута кога Гереро даде гол за водство од 1-0.
 
Три минути подоцна беше досуден пенал за Португалија кој го реализираше Роналдо за 2-0, а тој погоди и во судиското продолжение за конечни 3-0.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе