Квалификации за СП 2022

Роналдо стана најдобар стрелец на сите времиња и на неверојатен начин донесе победа на Португалија! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо со два гола во самиот финиш донесе победа на Португалија над Р. Ирска од 2-1 и стана најдобар стрелец на сит времиња кога репрезентациите се во прашање. 

Пред овој натпревар Роналдо беше изедначен со Али Даеи од Иран со по 109 голови за репрезентација, вечерва постигна два погодоци и со 111 голови стана најдобриот стрелец на сите времиња за една национална селекција.
 
Роналдо можеше да донесе водство за Португалија уште во 15. минута, но промаши пенал, а пред крајот на првото полувреме Ирците поведоа со гол на Еган.
 
Се чинеше дека Португалија е блиску до кикс, но тогаш на сцена стапи Роналдо. Најпрво во 89. минута израмни на 1-1, а потоа во 96. минута постигна гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе