Сака што побрзо да добие зелено светло за враќање на терените

Роналдо со приватен медицински авион отпатува во Торино за да биде четири дена помалку во изолација

Кристијано Роналдо го напуштил „меурот" на репрезентацијата на Португалија и со приватен медицински авион отпатувал во Торино за да биде четири дена помалку во изолација.

Кристијано Роналдо е на пат кон Италија, ЦР7 решил периодот на изолација да го помине во домот во Торино. Во прв момент се веруваше дека тој ќе биде во карантин во Португалија, но според протоколите, таму треба да помине 14 дена во изолација.

Италија пак има нови протоколи каде се потребни десет дена изолација и еден негативен тест за фудбалерот да се врати на секојдневите обврски, па затоа тој со приватен медицински авион отпатувал во Торино.

Како што стојат работите во моментов, Кристијано Роналдо ќе ги пропушти дуелите против Кротоне и Динамо Киев, но под знак прашалник е и пресметката со Лео Меси и Барселона.

Причина за ова се правилата на УЕФА, според кои, играчот мора да има негативен тест најмалку седум дена пред натпреварот за да добие дозвола за настап. Тоа значи дека Кристијано Роналдо треба да има негативен тест на 21. октомври.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе