вторник, 16 април 2024

Зеленски потпиша нов закон за воена мобилизација во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша денес законот за мобилизација, кој според очекувањата би требало да го реши проблемот со недостиг од војници во Украина, среде конфликтот на таа земја со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за законот кој украинскиот парламент го изгласа на 11 април и со кој ќе биде регулиран начинот на регрутација на граѓаните, по месеците доцнење откако беа поднесени илјадници амандмани за да биде ублажен првичниот нацрт кој беше непопуларен.

Законот, покрај другото, ги обврзува Украинците на возраст меѓу 18 и 60 да ги известат воените власти за своите лични податоци, за канцелариите за регрутација полесно да можат да видат кој може да биде мобилизиран во кој регион.

На военоспособните мажи ќе им биде наметната законска обврска во секој момент да го носат регистрацискиот документ издаден од канцеларијата за регрутација, додека не службениците за регрутација ќе им биде дозволено да го бараат документот на улица.

Иако законодавците ублажија некои одредби кои се однесуваат на избегнувањето на воениот рок, законот дозволува казнување за избегнувањето служба.

Законот не поставува никакво временско ограничување за воената служба, што значи дека војниците кои се борат од почетокот на конфликтот, односно од февруари 2022, сè уште не знаат кога ќе бидат демобилизирани.

Поради воената состојба на военоспособните мажи им е забрането заминување во странство, но не постои процедура за повикување на украинските мажи кои се надвор од државата.

Сепак, новиот закон предвидува дека од Украинците на кои им се потребни конзуларни услуги, како обновување пасош, може да се бара да приложат документи за воена регистрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ