ЦР7 замина од Торино

Роналдо со емотивно писмо се збогува од фановите на Јувентус

Кристијано Роналдо со емотивен пост на социјалните мрежи се прости од Јувентус, вели дека го оставил срцето и душата за клубот и верува дека испишале убава приказна и покрај тоа што не освоиле се што сакале.

По три години поминати во Јувентус, Кристијано Роналдо денеска си замина од Торино. Иако се чинеше дека се сели во Манчестер Сити, ЦР7 на крајот реши да се врати во Манчестер јунајтед.

Откако „ѓаволите“ попладнево официјално го потврдија трансферот, Кристијано Роналдо се емотивен пост на социјалните мрежи се прости од Јувентус.

„Денеска заминувам од прекрасен клуб, најголемиот во Италија и сигурно еден од најголемите во Европа. Го оставив срцето и душата за Јувентус и секогаш ќе обожавам градот Торино. Тифозите бјанконери секогаш ме почитуваа, и се обидов да им се заблагодарам со тоа што се борев на секој натпревар, секоја сезона, во секое натпреварување. На крајот, сите може да погледнеме во минатото и да сфативме дека постигнавме големи работи, не освоивме се што сакавме, но заедно испишавме убава приказна“ – гласеше дел од пораката.

„Секогаш ќе бидам еден од вас. Сега сте дел од мојата историја, чувстувам дека и јас сум дел од вашата. Италија, Јуве, Торино, тифози бјанконери, секогаш ќе бидете во моето срце“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе