Португалецот нема да игра веќе за Јувентус

Роналдо си ги собрал работите од соблекувалната на Јуве и му соопштил на клубот дека заминува

Информациите од Италија велат дека Кристијано Роналдо си ги земал своите работи од соблекувалната на Јувентус и го информирал клубот дека заминува. 

„Скај Спорт Италја“ пишува дека Роналдо си го исчистил шкафчето во соблекувалната на Јувентус и нема да игра викендов против Емполи.
 
Роналдо му соопштил на Јувентус дека нема намера веќе да игра за клубот и побарал да биде продаден.
 
Јувентус чека официјална понуда од Манчестер Сити која треба да пристигне во текот на утрешниот ден, а можеби и уште ноќеска.
 
Жорж Мендеш е во Манчестер каде ги договара личните услови за Роналдо.
 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе