Манчестер јунајтед

Роналдо се враќа во Манчестер, ќе се решава неговата иднина

Кристијано Роналдо денеска се враќа во Манчестер јунајтед на разговори со клубот за неговата иднина по што ќе се знае дали ќе се приклучи на подготовките на тимот или ќе си оди. 

Роналдо сака да си оди од Манчестер јунајтед, но тешко му оди потрагата по нов клуб со кој може да освојува трофеи. 
 
Португалецот под изговор на семејни проблеми, досега не се појави на подготовките на Манчестер јунајтед, но јасно беше што е работата.
 
Според новинарот Дејвид Орнстејн, Роналдо ќе има состанок со Манчестер јунајтед на кој ќе се решава неговата иднина.
 
Ќе има состанок и со Ерик тен Хаг кој сака да го предомисли Португалецот да остане во тимот.
 
Агентот Жорж Мендеш му бара нов клуб, но Манчестер јунајтед засега инсистира дека тој не е на продажба.
 
Веројатно во наредните денови ќе се знае точно каде ќе игра Кристијано Роналдо во новата сезона.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе