Се чека Жорж Мендеш да донесе формална понуда

Роналдо се поздравил со соиграчите, во следните 24 часа потпишува за Манчестер Сити

Кристијано Роналдо утрово се појави во тренинг центарот на Јувентус, но ЦР7 пристигнал само за да се збогува со соиграчите и нема да учествува во тренингот под водство на Макс Алегри.

Медиумите од Италија доцна синоќа пренесоа дека Кристијано Роналдо го испразнил шкавчето, си го собрал работите од соблекувалната и го известил Јувентус дека нема да игра против Емполи овој викенд.

Утрово ЦР7 се појави во тренинг центарот на „старата дама“ во Континаса, но пристигнал само за да се збогува со соиграчите. Новинарот Фабрицио Романо вели дека Португалецот се задржал 40 минути и си заминал. Денеска нема да тренира под водство на Макс Алегри и чека Жорж Мендеш да донесе формална понуда од Манчестер Сити.

Според Скај Италија, Кристијано Роналдо во следните 24 часа треба да потпише за „граѓаните“ и неговото враќање во Премиерлигата да биде официјализирано.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе