Верува дека Португалија ќе оди на мундијалот во Катар

Роналдо самоуверен: Македонија утре нема да приреди ново изненадување

Кристијано Роналдо е самоуверен пред дуелот со Македонија во баражот за мундијалот во Катар, вели дека Португалија ќе победи и ќе обезбеди билет за Светското првенство.

Португалија утре на „Драгао“ ја пречекува Македонија во баражот за мундијалот во Катар, домаќините се големи фаворити, но никој не треба да ги потценува избраниците на Боби Милевски, кои во Палермо го фрлија на колена актуелниот европски шампион.

Кристијано Роналдо сепак делува прилично самоуверено, вели дека Македонија нема да приредни ново изненадување и Португалија ќе обезбеди билет за Светското првенство.

„Утре не чека финале и ние сме подготвени. Дали сме фаворити? Не го разбирам ова, но јас секогаш се сметам себеси за фаворит, без разлика дали играме дома или во гости. Знаеме дека со победа одиме на Светско првенство, со пораз сме елиминирани. Имаме одговорност да бидеме позитивни и да победиме“ – вели ЦР7.

„Македонија е изненадување, приреди изненадување на неколку натпревари, но верувам дека утре нема да не изненандат, Португалија ќе биде подобар противник и ќе одиме на мундијалот во Катар“.

„Нема Светско првенство без Роналдо? Нема светско првенство без Португалија, тука нема индивидуалци, тоа е група, сите сме тука за иста цел“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе