„Кориере дела Сера“ излезе со сериозни обвинувања за португалската ѕвезда на Јувентус, го посочи како дел од проблематичните фудбалери на тимот бидејќи сам решава кога ќе игра.
Роналдо доби одмор за мечот со Беневенто, а се верува дека ќе биде стартер на дуелот со Динамо Киев и покрај тоа што Јувентус веќе го обезбеди пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите.
На Јувентус во моментов му се поважни победите во Серија А, но Роналдо одлучил да не игра против Беневенто, а да игра во Лигата на шампионите каде постојано брка рекорди.
Јувентус не може без Кристијано Роналдо, имаа друри три кикса против послаби екипи без Португалецот.
„Кориере дела Сера“ тврди и дека Андреа Пирло има проблем со комуникацијата во соблекувалната на Јувентус, работите во моментов не изгледаат најдобро за италијанскиот шампион.