Гласините за трансфер на ЦР7 се вратија

Роналдо сака да замине од Реал во јуни, веќе побарал од Флорентино Перез да биде продаден

Емисијата Ел Чирингито под знак прашалник ја стави иднината на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, Португалецот наводно сака да замине и побарал од претседателот да му ја исполни желбата

Изминатово лето често се пишуваше дека Кристијано Роналдо ќе замине од Сантијаго Бернабеу. Се започна со сторијата на А Бола дека ЦР7 не е среќен во Мадрид, играчот не демантираше ништо, па со месеци се говореше за негов трансфер.

Кристијано Роналдо сепак остана во Реал, но по само два ипол месеци од новата сезона, одново се вратија гласините.

Емисијата Ел Чирингито синоќа пренесе дека ЦР7 одлучил да го напушти актуелниот шампион на Шпанија и Европа во јуни.

Португалецот неодамна имал средба со Флорентино Перез и му соопштил дека сака да биде продаден, но во моментов претседателот на Реал нема планови да се раздели со првата ѕвезда на тимот.

Ел Чирингито исто така додава дека Кристијано Роналдо добил понуда за продолжување на договорот со Реал Мадрид, но го одбил предлогот.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе