Жорж Мендеш го нуди ЦР7 на неколку клубови

Роналдо сака да си оди од Јувентус бидејќи нема да биде во центарот на проектот

Според пишувањата на Спортмедиасет, Кристијано Роналдо сака да го напушти Јувентус ова лето бидејќи нема да биде во центарот на проектот, Жорж Мендеш се обидува да му најде нов клуб, но во моментов никој не сака да го ангажира.

Роналдо сака да ја промени средината, Спортмедиасет вели дека ЦР7 размислува за нова авантура бидејќи нема да биде галвен играч кај Макс Алегри и тимот нема да се гради околу него.

Новиот тренер на Јувентус пробува и тестира други решенија, Португалецот повеќе не е центарот на проектот, па Жорж Мендеш се обидува да му најде нов клуб на својот клиент.

Сепак, проблем е високата плата од 31 милиони евра, во моментов ниту еден клуб не сака да го ангажира Кристијано Роналдо.

ПСЖ преферира да го задржи Килијан Мбапе, Манчестер Сити приоритет му дава на Хари Кејн а отпадна и враќање во Реал Мадрид откако самиот Карло Анчелоти демантираше дека сака да го врати ЦР7 на Сантијаго Бернабеу.

До крајот на преодниот рок има уште 11 дена, многу работи можат да се променат. Кориере дело Спорт говори за можноста Кристијано Роналдо да биде трампан со Габриел Жесус доколку Манчестер Сити не успее да го ангажира Хари Кејн.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе