Серија А

Роналдо промаши зицер од два метри па со два гола го предводеше Јувентус до победа (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо со два гола го предводеше Јувентус до триумф од 3-0 над Кротоне, „старата дама" со овие три бода се искачи на позицијата број три на табелата.

Јувентус без многу проблеми го сволада Кротоне во последниот натпревар од 23. коло во Серија А, Кристијано Роналдо со два погодока ја предводеше „старата дама“ до триумф од 3-0.

Португалецот мака мачи со слободните удари, денеска имаше опасна ситуација на 16-17 метри, но го погоди само својот соиграч Мекени. Промаши и зицер од два метри, но затоа ЦР7 тешко се сопира кога ќе скокне.

На асистенција на Алекс Сандро, Роналдо со глава донесе водство во 38. минута, за потоа во првата минута од надополнувањето да полета одново и да ја затресе мрежата на гостите за 2-0.

Сите дилеми беа решени по дваесет минути игра во второто полувреме, Мекени ги постави конечните 3-0.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе