Јувентус испушти два бода против Аталанта, домаќините имаа неколку добри прилики да слават, најзрелата беше обидот на Кристијано Роналдо од белата точка, но голманот Голини беше извонреден.
Откако Мората се избрука и проба мангупски со пета да ја затресе мрежата на гостите, резултатот го отвори Киеза, Италијанецот прекрасно погоди во аголот од врвот на шеснаесетникот.
По десетина минути игра во продолжението од мечот, Фројлер возврати со иста мера, биеше неодбранливо под пречката за 1-1.
Јувентус веднаш имаше прилика да се врати во предност, Киеза прелесно падна во шеснаесетникот, но судијата досуди најстрога казна. Сепак Роналдо не реализираше од белата точка, голманот Голини го процесни ЦР7 и одбрани.
„Старата дама“ продолжи со притисокот, Мората се најде во идеална прилика но Голини повторно интервенираше извонредно и ја сочува мрежата.
Аталанта исто така се закани преку Ромеро и Гомез, но Шчесни беше на висината на задачата и не дозволи да биде совладан по втор пат.