ЦР7 денеска пристигна во Манчестер

Роналдо преку Фернандеш испратил барање до соиграчите од Манчестер јунајтед

Според пишувањата на Сан, Кристијано Роналдо побарал од Бруно Фернандеш да му пренесе на составот на Манчестер јунајтед дека очекува да биде освоена титулата во Премиерлигата оваа сезона.

Кристијано Роналдо денеска пристигна во Манчестер за да ја започне втората авантура на Олд Трафорд. Португалецот силно се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но на крајот „ѓаволите“ не дозволија ЦР7 да заврши во лутиот градски ривал.

Во преговорите за негово враќање во Манчестер јунајтед учествуваше и Бруно Фернандеш, а медиумите сега откриваат и дел од разговорите помеѓу Португалците.

Весникот Сан вели дека Кристијано Роналдо побарал од својот сонародник да пренесе порака во соблекувалната и да му каже на составот какви очекувања има од нив, односно дека треба да биде освоена титулата во Премиерлигата оваа сезона.

„Ѓаволите“ не импресинираа на стартот, одиграа реми против Саутемптон и многу тешко победија кај Вулверхемптон, па избраниците на Оле Гунар Солшер ќе мора да се подобрат за да можат да се борат со Манчестер Сити, Челси, Ливерпул и Тотнем за титулата.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе