„Старата Дама“ со три бода се врати од гостувањето кај Сасуоло, Кедира, Кристијано Роналдо и Џан стрелаа за победа од 0-3.
ЦР7 имаше интересна вечер на „Мапеи“. Португалецот најпрво прегрна еден фан кој влезе на теренот, а потоа неконтролирано биеше и го нокаутираше Кедира откако топката заврши во лицето на Германецот, кој подоцна мораше да биде повлечен од игра.
Точка на настапот Кристијано Роналдо стави во 70. минута кога по еден корнер ја затресе мрежата на домаќините за својот 18. гол во Серија А оваа сезона. Напаѓачот реши овој погодок да го прослави во стилот на Дибала со маска на лицето и да му го посвети на својот колега од форот кој има лоша сезона и не се снаоѓа најдобро покрај ЦР7.