Мендеш работи на голем трансфер

Роналдо подготвен да се откаже од милиони за да се врати во Манчестер јунајтед?!

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Кристијано Роналдо е подготвен да се откаже од десетици милиони за одново да го облече дресот на „црвените ѓаволи".

Јувентус има разочарувачка сезона, „бјанконерите“ беа елиминирани од Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите а се на добар пат и да го загубат Скудетото и да биде прекината доминацијата во Серија А.

Па често се пишува за иднината на првата ѕвезда Кристијано Роналдо, медиумите постојано најавуваат негово заминување и покрај тоа што раководството на клубот инсистира дека напаѓачот е дел од плановите за следната сезона.

По изјавата на Флорентино Перез дека Реал Мадрид нема намера да го врати ЦР7, Газета дело Спорт сега пишува за преселба на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, каде Оле Гунар Солшер неодамна ги отвори вратите.

Весникот вели дека Португалецот е подготвен да се откаже од многу милиони за одново да го облече дресот на „црвените ѓаволи“, но нема да прифати плата помала од 20 милиони евра (во моментов заработува околу 31 милион евра).

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе