Сака беспари да замине од Манчестер јунајтед

Роналдо побарал раскин на договорот

Според пишувањата на Дејли Мејл, Кристијано Роналдо побарал од Манчестер јунајтед да биде ослободен од договорот и беспари да замине од Олд Трафорд.

Кристијано Роналдо во вторникот се врати во Манчестер и имаше средба со раководството на клубот, Португалецот ја искористил оваа прилика за уште еднаш да побара трансфер.

Според пишувањата на Дејли Мејл, напаѓачот не само што сака да го напушти Олд Трафорд, побарал да замине беспари.

Кристијано Ронало предложил да биде ослободен од финалната година од договорот вреден преку 500.000 фунти.

Ставот на Манчестер јунајтед останува непроменет, тие не сакаат да го продадат Кристијано Роналдо, ниту пак некој ги котактирал и се распрашувал за ангажман на Португалецот.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе