ЦР7 сака да биде покорисен

Роналдо побарал од Солшер да го промени стилот на игра

Според пишувањата на ЕСПН, Кристијано Роналдо му кажал на Оле Гунар Солшер дека Манестер јунајтед мора да игра подиректно и топката побрзо да стигнува до неговите нозе.

Кристијано Роналдо побарал од Оле Гунар Солшер да го промени стилот на игра, ЦР7 го известил тренерот дека Манчестер јунајтед мора да игра подиректно и топката побрзо да стигнува до неговите нозе.

ЕСПН вели дека Норвежанецот и неговиот тренерски персонал веќе им дале инструкции на фудбалерите, што е можно побрзо да ја пренесуваат топката во офанзива за да го извадат најдоброто од Кристијано Роналдо.

Португалецот постигна пет погодока на пет натпревари по враќањето на Олд Трафорд, но верува дека може да понуди многу повеќе доколку „ѓаволите“ побрзо ја дистрибуираат топката на противничката половина.

Идејата е дефанзивците што е можно побрзо да ги проигруваат офанзивните фудбалери, кои потоа ќе треба да го хранат Кристијано Роналдо со топки. Се верува дека присуството на Рафаел Варан во тимот ќе помогне за подобро да се применуваат тактичките замисли, Французинот е далеку подобар од Хари Мегваер, Виктор Линделоф и Ерик Баји кога е во прашање движење на топката напред со брзина и прецизност.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе