Аргентинецот ја одработува последната година од договорот со ПСЖ

Роналдо побарал од Јувентус да го ангажира Ди Марија

Кристијано Роналдо сака одново да игра со Анхел Ди Марија, медиумите од Италија пренесуваат дека ЦР7 побарал од Јувентус да го ангажира Аргентинецот.

Анхел Ди Марија ја одработува последната година од договорот со ПСЖ и нема никаков абер за продолжување на соработката.

Се шпекулира дека неговиот агент, Жорж Мендеш остварил контакт со Интер и се водат дискусии за тригодишен договор.

Но плановите на „нероаѕурите“ ги мати Кристијано Роналдо, кој четири години играше покрај Аргентинецот во Реал Мадрид. Наводно ЦР7 побарал од раководството на Јувентус да го ангажира Анхел Ди Марија.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Анхел Ди Марија, доколку не пронајде согласност со ПСЖ за нов договор, веќе во јануари може да постигне пред-договор со друг клуб и за беспари да направи трансфер по крајот на сезоната.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе