Не ја заборава добрината која ја покажале во тежок период од неговиот живот

Роналдо побара помош да ги најде девојките од Мекдоналдс кои му давале храна кога тој немал пари

Кристијано Роналдо се потсети на периодот од акедемијата на Спортинг кога немал пари да си купи храна и како девојките од Мекдоналдс му испраќале остатоци од хамбургери.

ЦР7 во моментов можеби има многу пари и веројатно е најбогатиот фудбалер во светот, но не ги заборава тешките моменти кои ги поминал и добрината која одредени луѓе ја покажале.

Во интервјуто со Пирс Морган за ИТВ, Кристијано Роналдо се потсети на времето кога бил дел од акедемијата на Спортинг и немал пари за храна. Тој раскажа како вработени од блискиот ресторан на Мекдоналдс им испраќале остатоци од храна, и побара помош да ги пронајде девојките за да им се заблагодари.

„Имав 12 години и немав пари. Живеев со други момчиња на моја возраст од различни краеви на Португалија. Беше тешко, го немав семејството покрај мене. Се сеќевам дека имаше Мекдоналдс во близина, ги нарачувавме остатоците од хамбургерите. Имаше една жена по има Една и две други девојки кои секогаш ни даваа храна“ – вели Кристијано Роналдо.

„Се надевам дека ова интервју ќе ми помогне да ги пронајдам. Сакам да ги поканам на вечера во Торино или Лисабон, и малку да им вратам за она што тие го правеа за мене. Никогаш не сум заборавил“.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе