Португалецот се изнервира по последните шпекулации

Роналдо: Не можам да дозволам луѓето да си играат со моето име

Кристијано Роналдо го прекина молкот и кажа што мисли за последните шпекулации кои го поврзуваа со заминување во Јувентус. 

Во изминатите денови, особено денеска Роналдо се поврзуваше со заминување од Јувентус и трансфер во Реал Мадрид или Манчестер Сити, а споменуваше дека наредната сезона би можел да оди и во ПСЖ.
 
Роналдо преку социјалните мрежи го кажа своето мислење за сите тие гласини.
 
„Секој што ме знае ее свесен колку сум фокусиран на мојата работа. Помалку зборување и повеќе работа, тоа е моето движечко мото од стартот на мојата кариера. Како и да е, со се што беше кажано и напишано неодамна, морам да го кажам и својот став“, го почна своето излагање Роналдо.
 
„Повеќе од непочитувањето кон мене како човек и фудбалер, несериозниот начин на кој се езборува за мојата иднина во медиумите е непочитување кон сите клубови вклучени во овие гласини, како и кон нивните играчи и персонал“.
 
„Мојата приказна во Реал Мадрид е напишана. Снимена е. Во зборови и бројки, во трофеи и титули, во рекорди и во наслови. Таа е во музејот на Бернабеу и во главите на секој фан на клубот“.
 
„И над тоа што го постигнав, се сеќавам дека во тие девет години имав длабока наклонетост и почит кон фановите на Реал Мадрид, наклоност и почит кои ги носам до ден денес и што секогаш ќе ги негувам. Знам дека вистинските навивачи на Реал Мадрид и понатаму ќе ме имаат во срцето, а ќе ги имам и јас во моето“.
 
„Како и оваа најнова епизода во Шпанија, имаше чести вести и приказни кои ме поврзуваа со голем број клубови во различни лиги при што никој никогаш не беше загрижен да ја дознае вистината“.
 
„Го прекршувам молкот сега за да какжам дека не можам да им дозволам на луѓето да си играат со моето име. Останувам фокусиран на мојата кариера и на мојата работа, посветен и подготвен за сите предизвици со кои треба да се соочам. Се останато? Се останато е само муабет“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе