Пресврт

Роналдо не е предавник, Португалецот се враќа во Манчестер јунајтед! (ФОТО)

Ситуацијата се промени, Кристјано Роналдо е поблиску до враќање во Манчестер јунајтед откако заминување во Манчестер Сити. 

Ако до утринава изгледаше дека Кристијано Роналдо ќе изврши предавство и ќе стане играч на Манчестер Сити, сега се чини дека Португалецот ќе биде херој и ќе се врати во Манчестер јунајтед.
 
Дел од навивачите на Јунајтед палеа и дресови од Роналдо, но изгледа дека ќе купат нови со неговото презиме.
 
Последните информации велат дека Јунајтед доцна синоќа стапиле во контакт со агентот на Роналдо, Жорж Мендеш и ситуацијата се променила.
 
Манчестер јунајтед подготвува официјална понуда до Јувентус која наскоро ќе биде испратена, а Сити се откажале од намерата да го ангажираат Португалецот.
 
Според Фабрицио Романо, Кристијано Роналдо му рекол на својот агент Жорж Мендеш дека е подготвен за враќање на Олд Трафорд. Манчестер јунајтед во наредните часови ќе му испрати двегодишен договор на Роналдо.
 
Таквиот развој на настаните го сугерира и Рио Фердинанд кој најпрво објави неколку точки и меме од Леонардо Ди Каприо, а потоа точките и себеси.
 
Се подготвува голем камбек на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.
 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе