Манчестер јунајтед

Роналдо: Нашите фанови заслужуваат многу подобро од ова (ФОТО)

Кристијано Роналдо се огласи преку социјалните мрежи по дебаклот кој го доживеа Манчестер јунајтед од Ливерпул на Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед вчера беше поразен од Ливерпул на свој терен како никогаш досега. Загуби со 5-0, а можеше да биде и полошо.

Дел од навивачите на Манчестер јунајтед почнаа да си заминуваат уште на половина час пред крајот на мечот.

Роналдо ветува дека ќе биде подобро, но засега станува само полошо.

„Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме. Понекогаш тој не е таков каков што сакаме. И тоа зависи од нас, само од нас, бидејќи нема никој друг кој треба да се обвини. Нашит фанови уште еднаш беа неверојатни во нивната постојана поддршка. Тие заслужуваат подобро од ова, многу подобро и наш е да го испорачаме тоа. Тоа треба да го направиме сега“, напиша Роналдо.

Во следниот меч Манчестер јунајтед му гостува на Тотнем, дуелот се игра во сабота од 18:30 часот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе