Тренерот на Јуве ја имаше првата конфротација со ЦР7

Роналдо му се налути на Сари, стратегот брзо смирува: Тој е најдобар, ќе добие специјален третман (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо имаше одредени замерки за Маурцио Сари уште на првиот натпревар, сепак стратегот брзо смирува и порача дека ЦР7 ќе добие специјален третман.

Јувентус синоќа го одигра првиот контролен тест, кој го загуби со 3-2 откако Хари Кејн спектакуларно погоди од половина терен и го лобуваше истрчаниот Шчесни.

Овој потег беше најубав на мечот, но за медиумите и социјалните мрежи интересен е и еден момент од крај аут линијата. Кога Кристијано Роналдо беше повлечен од игра во 63. минута, кратко по голот со кој донесе предност за „старата дама“ од 2-1, Португалецот имаше насвмевка на лицето се додека не се поздрави со Маурицио Сари.

Двајцата потоа си дофрлија нешто, а Португалецот незадоволно се упати кон клупата за резерви.

Маурицио Сари сепак брзо ја смири ситуацијата и истакна дека Кристијано Роналдо е најдобриот играч во тимот, па ќе добие специјален третман и слобода да се движи и да прави што сака на теренот.

„Кристијано е најдобриот играч во овој тим, па ќе треба добро да ги организираме останатите десет во дефанзивната фаза од играта. Роналдо е најдобар и важно е да има слобода на теренот. Може да игра било каде и да прави што сака“ – порача тренерот на Јувентус.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе