ЦР7 побарал поголема почит

Роналдо му пишал на Касано и го потсетил колку голови има дадено, добил одговор: Биди малку како Меси...

Антонио Касано открива дека добил неколку пораки од Кристијано Роналдо, ЦР7 побарал малку поголема почит од поранешниот фудбалер на Рома, Реал Мадрид и Интер, кој не се штеди со критиките.

Антонио Касано често е гостин во емисијата на Бобо Виери на Твич и на последното гостување откри дека добил неколку пораки од Кристијано Роналдо, ЦР7 не бил задоволен од тоа што го говорел поранешниот играч на Рома, Реал Мадрид и Интер.

Антонио Касано во неколку наврати има упатено критики на адреса на Португалецот, кој особено бил погоден од зборовите дека има само еден Роналдо (Бразилецот, Луис Назарио да Лима) а и дека Лео Меси е подобар од него.

„Пред некој ден, добив неколку пораки од шпански број. Четири долги пораки. Роналдо ми пиша за да ми каже дека треба да имам поголема почит кон него поради титулите кои ги има освоено и головите кои ги има постигнато – вели Касано.

„Јас не се плашам да ја кажам вистината, подготвен сум да влезам во конфликт и со Папата!“

„Ми се јавив на Буфон да го прашам од каде Роналдо го има мојот број и ми кажа дека тој го дал бројот на луѓето од прес службата кои потоа му го дале бројот на Роналдо за тој да ми каже дека има постигнато 750 голови, а јас само 150 голови“.

„Му одговорив, „Драг Роналдо, имаш се, па живеј го животот, биде релаксиран. Биди малку како Меси, го здоболе што кажуваат другите“. Не знам што се замара со мене, што ми пишува пораки“.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе