Лига на шампиони

Роналдо му донесе победа на Манчестер јунајтед над Аталанта, голем кам-бек во второто полувреме (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се врати од два гола негатива, со голем пресврт ја совлада Аталантна со 3-2, победничкиот погодок беше дело на Кристијано Роналдо. 

Манчестер јунајтед одигра второ полувреме кое ќе му донесе привремен мир на Оле Гунар Солшер. Но почетокот на мечот не изгледаше така.
 
Аталанта поведе со гол на Пашалиќ во 15. минута, а Демирал во 29. минута реализираше со глава за водство од 2-0 на Олд Трафорд.
 
Манчестер јунајтед изгледаше изгубен по првото полувреме, но во второто како да излезе друг тим, притиснаа веднаш и резултатот почна да се поправа.
 
Најпрво Рашфорд погоди во 53. минута и го врати Манчестер јунајтед во игра.
 
Во 75. минута Мегваер се најде осамен во шеснаесетникот и реализираше за израмнување на 2-2.
 
А шест минути подоцна по центаршут од Лук Шо, Кристијано Роналдо само се поклони, ја удри топката со глава и погоди за комплетен пресврт и победа од 3-2.
 
Во оваа група Виљареал со 4-1 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс. Морено даде два гола, по еден реализираа Пино и Чукавезе. Елиа погоди за швајцарскиот тим.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе