Обвинителството се откажа од процесот

Роналдо може да здивне, нема да биде кривично гонет за силување бидејќи нема доволно докази

Обвинителството од Лас Вегас соопшти дека нема да го изнесе Кристијано Роналдо пред суд по тужбата дека силувал девојка во САД, нема доволно докази за Португалецот да биде осуден.

Документите до кои се дојде преку „Фудбал ликс“ му направија проблем на Португалецот откако се откри дека тој и исплатил 375.000 долари на девојка од САД за да молчи. Долго време се говореше дека најверојатно се работи за силување, а минатата година конечно се огласи и Катрин Мајорга, девојката со која фудбалерот се забавувал во Лас Вегас.

Таа опиша како имала сексуален однос со ЦР7 без да даде согласност и достави тужба. Полицијата повторно ја отвори истрагата од пред десет години и дури побара ДНК од играчот на Јувентус.

Сепак, целиот случај заврши уште пред да започне. Обвинителството излезе со соопштение и откри дека се откажува од процесот бидејќи нема доволно докази со кои ќе се докаже дека Кристијано Роналдо ја силувал Катрин Мајорга.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе