На Роналдо му требаа 43 обиди и речиси две сезони за да постигне гол од слободен удар. Португалецот е пресреќен поради погодокот кој му ја враќа самодовербата.
„Навистина ми требаше тој гол од слободен удар за да можам да ја вратам самодовербата“, вели Роналдо.
„Знаевме дека ќе биде тежок меч, но работевме напорно, победивме и создадовме притисок врз Лацио. Ја исполнивме нашата цел за овој натпревар“.
Следниот натпревар на Јувентус е против Милан кој го победи Лацио со 3-0. На тој меч Јуве ќе биде без Дибала и Де Лихт кои се суспендирани поради жолти картони.
„Не е важно кој постигнува голови се додека тимот победува. Сите ние сме во добра форма и ќе се обидеме да победиме и против Милан, што ќе биде уште еден тежок меч“.