Откако прв пат погоди од слободен удар во дресот на Јуве

Роналдо: Многу ми беше потребен тој гол

Кристијано Роналдо синоќа го постигна својот прв гол од слободен удар во дресот на Јувентус, погоди дури од 43. пат. 

На Роналдо му требаа 43 обиди и речиси две сезони за да постигне гол од слободен удар. Португалецот е пресреќен поради погодокот кој му ја враќа самодовербата.
 
„Навистина ми требаше тој гол од слободен удар за да можам да ја вратам самодовербата“, вели Роналдо.
 
„Знаевме дека ќе биде тежок меч, но работевме напорно, победивме и создадовме притисок врз Лацио. Ја исполнивме нашата цел за овој натпревар“.
 
Следниот натпревар на Јувентус е против Милан кој го победи Лацио со 3-0. На тој меч Јуве ќе биде без Дибала и Де Лихт кои се суспендирани поради жолти картони.
 
„Не е важно кој постигнува голови се додека тимот победува. Сите ние сме во добра форма и ќе се обидеме да победиме и против Милан, што ќе биде уште еден тежок меч“.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе