„Кралевите“ имаат лимити

Роналдо ќе треба да се откаже од милиони доколку сака назад во Реал Мадрид

Според пишувањата на АС, Кристијано Роналдо ќе треба да се откаже од неколку милиони доколку сака да се врати на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид може да му понуди најмногу 25 милиони евра годишна плата.

Во последните неколку дена се погласни се шпекулациите од Шпанија за враќање на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид. И покрај тоа што од таборот на Јувентус инсистираат дека ЦР7 останува, АС и Марка пишуваат дека ЦР7 ќе замине доколку има шанси одново да го облече белиот дрес.

Последните информации велат дека Португалецот ќе треба да се откаже од милиони доколку сака назад во Мадрид.

Во Јувентус тој има плата од 30-31 милион евра годишно, додека пак Реал може максимум да му понуди плата од 25 милиони евра по сезона.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе