Ќе им се приклучи на Тајгер Вудс и Флојд Мејведер

Роналдо ќе стане првиот милијардер фудбалер

Кристијано Роналдо ќе стане третиот спортист милијардер а прв фудбалер на кој му успеало тоа. 

Роналдо ќе им се приклучи на голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер и ќе стане третиот спортист кој успеал да зарабито милијарда долари во својата кариера.
 
И покрај кратењето на платата во Јувентус за идните месеци, пресметките велат дека Кристијано Роналдо до крајот на оваа сезона ќе стане милијардер.
 
Тој само од ексклузивитетот на брендот ЦР7 заработи 100 милиони евра во 2019 година.
 
Минатата сезона од фудбалерите само Лео Меси заработил повеќе од Кристијано Роналдо, но кариерата на Португалецот е подолга во моментов бидејќи е постар, па неговото вкупно богатство е поголемо од тоа на Аргентинецот.
 
„Бизнис Инсајдер“ исто така пишува дека Роџер Федерер наскоро ќе стане првиот тенисер милијардер.
 
Од спортистите кои не се активни, милијардер е Мајкл Џордан.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе