Португалецот вели дека рекордите сами по себе си доаѓаат

Роналдо: Ја не бркам рекорди, тие ме бркаат мене

Кристијано Роналдо верува дека им верува само на четворица, но не ги открива нивните имиња, зборува и за пасијата која ја има кон победувањето.

Роналдо вели дека има опсесија за победување, тој не ги брка рекордите туку тие го бркаат него.
 
„Имам опсесија да победувам и работам на тоа. Рекордите се дел од мене. Не бркам рекорди, рекордите ме бркаат мене. Јас сум зависен од тоа да победувам и мислам дека тоа не е лоша работам. Тоа ме мотивира. Ако нешто не ве мотивира мора да прекинете. На крајот рекордите си доаѓаат природно“, вели Роналдо.
 
Кристијано Роналдо вели дека само на четворица луѓе може комплетно да им верува и тоа му е доволно.
 
„Сто проценти им верувам само на четири луѓе. Нема да ви кажам кои но комплетна доверба имам само во овие луѓе и тоа ми е доволно“.
 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе