Рекордна плата за Португалецот

Роналдо ја доби првата конкретна понуда, таа е тешка 216 милиони евра

Кристијано Роналдо ја доби првата конкретна понуда по разделбата со Манчестер јунајтед, Ал Наср од Саудиска Арабија му нуди 216 милиони евра за тригодишна соработка.

Изминатово лето, често се пишуваше дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ тогаш не му дозволија да замине. 

Сепак, неговата желба беше исполнета овој месец. По интервјуто со Пирс Морган, во кое упати сериозни критики на адреса на тренерот Ерик тен Хаг, клубот и сопственицте, Манчестер јунајтед го раскина договорот на Кристијано Роналдо. 

Како што пренесува СиБиСи Спортс, Кристиајно Роналдо ја добил првата конкретна понуда по разделбата со Манчестер јунајтед. 

Ал Наср од Саудиска Арабија на маста ставил 225 милиони долари (околу 216 милиони евра) за тригодишна соработка. 

СиБиСи Спортс додава дека зделката за кратко време ќе биде комплетирана доколку Португалецот каже ДА.

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе