УЕФА само парично го казни Португалецот

Роналдо ја доби истата казна како и Симеоне, ќе игра против Ајакс

УЕФА ја определи казната за гестот на Кристијано Роналдо против Атлетико Мадрид, Португалецот не доби суспензија. 

Кристијано Роналдо доби идентична казна како и Диего Симеоне претходно, ѕвездата на Јувентус ќе плати глоба од 20.000 евра.
 
Роналдо нема да биде суспендиран, тоа значи дека ќе му биде на располагање на Јувентус уште на првиот меч во четвртфиналето против Ајакс.
 
Да потсетиме, по мечот во Торино, Роналдо имаше недолична прослава кон трибините, но таа беше одговор на слична таква реакција на Диего Симеоне во Мадрид.
 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе