Иднината на ЦР7 останува неизвесна

Роналдо изненаден од планот на Манчестер јунајтед

Според пишувањата на Мирор, Манчестер јунајтед е подготвен да му дозволи на Кристијано Роналдо да се пресели во Атлетико Мадрид на позајмица но под услов ЦР7 да стави потпис на нов договор до 2024 година.

Иднината на Кристијано Роналдо и понатаму е неизвесна, Жорж Мендеш е во постојан контакт со гигантите ширум Европа и го нуди напаѓачот.

Според пишувањата на Мирор, „ѓаволите“ скроиле план со кој сите страни ќе бидат среќни. Манчестер јунајтед ќе го пушти Кристијано Роналдо во Атлетико Мадрид, но само на позајмица и под услов Португалецот да стави потпис на нов договор до 2024.

При едно вакво сценарио, Кристијано Роналдо ќе се врати на Олд Трафорд следната година, со надеж дека ќе биде обезбеден настап во Лигата на шампиони и напаѓачот ќе добие шанса на вистински начин да се збогува од клубот.

Мирор додава дека Кристијано Роналдо и Жорж Мендеш биле изненадени од планот на Манчестер јунајтед, но се уште немаат одговорено.

Во меѓувреме, Тајмс пишува дека Атлетико Мадрид ќе се ослободи од Антоан Гризман за да отвори простор за ангажман на Кристијано Роналдо.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе