Тројцата функционираат одлично на теренот

Роналдо, Игуаин и Дибала сакаат да играат во трио, Сари е на потег

Роналдо, Игуаин и Дибала многу ретко настапуваат како трио, а тоа се покажало дека функционира многу добро, последната презентација беше на вчерашниот меч против Баер Леверкузен. 

Резултатот беше 0-0 кога во 66. минута во игра влезе Дибала и им се приклучи на Роналдо и Игуаин.
 
За помалку од десет минути откако влезе му асистираше на Роналдо за водство од 1-0, а потоа имаше асистенција и до Игуаин кој ги постави конечните 2-0.
 
„Кога играм со двајцата, Дибала и Игуаин, имаме одлично разбирање, сакам да играм и со двајцата. Се забавуваме на теренот, имаме одлична комуникација, но тренерот е тој кој ги носи одлуките а ние мора да ги почитуваме“, изјави Роналдо по вчерашниот меч.
 
И Дибала вели дека сите тројца сакаат да играат заедно.
 
„Сите ние сакаме да играме заедно. Но Сари знае дели ќе го практикува тоа или не. Денеска бевме одлични“, вели Дибала.
 
И фановите на Јуве сметаат дека Сари треба да игра со тоа напаѓачко трио кое се покажа дека може да биде ефективно и возбудливо.
 
Притисокот кон Сари е од сите страни, останува да видиме дали стратегот на Јуве ќе се одлучи за промена во тактиката и ќе почне да игра со Роналдо, Игуаин и Дибала како стартно трио.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе