ЦР7 е асимптоматски

Роналдо иако е позитивен ќе излезе од самоизолација и ќе почне да тренира?!

Медиумите од Италија пренесуваат дека Кристијано Роналдо за три дена би можел да излезе од самоизолација и да почне да тренира со Јувентус дури и со позитивен тест на коронавирус.

Португалецот е заразен со ковид-19 од 13 октомври, фудбалерот на Јувентус е асимптоматски но се уште нема добиено негативен тест. Сепак, иако е позитивен, Кристијано Роналдо за три дена може да излезе од самоизолација и да почне да тренира.

Според протоколот, лицата кои се асимптоматски и имаат ниска вирулентност, можат да излезат од самоизолација по 21 ден и да се вратат на своите редовни обврски, бидејќи се смета дека е невозможно да ги заразат другите.

Кристијано Роналдо сепак нема да може да игра натпревари, бидејќи за тоа му е потребен негативен тест.

Пред Јувентус сега се мечевите со Специја во недела и со Ференцварош во среда. За ЦР7 да добие зелено светло за настап, треба да има негативен тест на 48 часа пред натпревар од Серија А и на 24 часа пред натпревар од Лигата на шампиони.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе