Требале да го промовираат туризмот во оваа земја

Роналдо и Меси одбиле милиони од Саудиска Арабија

Саудиска Арабија биле подготвена да плати милиони за Кристијано Роналдо и Лео Меси да го промовираат туризмот во оваа земја, но двајцата фудбалери го одбиле предлогот.

Кристијано Роналдо добил богата понуда од Саудиска Арабија, ЦР7 требал да биде главен лик на кампањата за промоција на туризмот во оваа земја. 

Според пишувањата на Телеграф, Саудиска Арабија му нудела на Португалецот 6 милиони евра годишно. 

Напаѓачот на Јувентус сепак го одбил предлогот. Телеграф додава дека Саудиска Арабија стапила во контакт и со луѓе од кампот на Лео Меси, и на него му понудиле сличен договор, но и Аргентинецот ги одбил. 

Саудиска Арабија често е критикувана за кршење на основните човекови права, па властите се обидуваат на секој начин да покажат поинаква слика. 

Во 2019, Суперкупот на Шпанија се играше во Саудиска Арабија, Фудбалската федерација на Шпанија поптпиша тригодишен договор вреден 120 милиони евра.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе