Сосема заслужено

Роналдо и Меси беа само статисти, Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер!

Роберт Левандовски е избран за фудбалер на годината според ФИФА, Полјакот стигна до ова признание пред Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Лео Меси и Кристијано Роналдо во минатото често знаеа да не се појават на церемониите доколку не беа победници, вечерва тие се појавија на камера но само гледаа како Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер во годината.

Полјакот имаше фантастична сезона, редовно ги тресеше противничките мрежи, со Баерн стигна до тројната круна, па ќе беше големо изненадување доколку не победеше.

„Благодарност до соиграчите, до тренерите, до целиот тим. Најубав момент оваа сезона беше триумфот во Лигата на шампиони“ – рече Роберт Левандовски.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе