Серија А

Роналдо и Дибала продолжуваат да ги „решетаат“ мрежите, Јувентус пресилен за Торино (ВИДЕО)

Јувентус го доби градското дерби со Торино со убедливи 4-1, Роналдо и Дибала ги предводеа „бјанконерите" до уште една победа и ги донесоа чекор поблиску до Скудетото.

Возбудливо „Дерби дела Моле“, Торино на момент мислеше дека има 2-2, но на крајот Јувентус славеше со убедливи 4-1.

Нешто повеќе од 120 секунди беа потребни за резултатот да биде отворен. Дибала се прошета во одбраната на гостите и реализираше за 1-0.

По половина час игра, Квадрадо ја зголеми предноста на домаќините. Кулумбиецот си направи простор и од работ на петерецот биеше прецизно за 2-0.

Во последните мигови од првиот дел, Де Лихт играше со рака во шеснаесетникот, ситуацијата се прегледуваше со ВАР и судијата покажа на белата точка и покрај тоа што според новите правила вакво играње со рака не се санкционира, топката прво го удри Холанѓанецот во бутот па потоа во раката.

Белоти ја превзеде одговорноста, погоди од белата точка и намали на 2-1 во шестата минута од судиското надополнување. На стартот од вториот дел, гостите повторно ја затресаа мрежата на Буфон, но славјето беше прекинато поради офсајд.

Па наместо 2-2, Торино по еден час игра одново имаше два гола негатива, Кристијано Роналдо погоди прекрасно од слободен удар за 3-1.

До крајот на мечот, Кофи Џиџи реагираше неспретно и си ја затресе сопствената мрежа за 4-1.

Ова беше седма победа на Јувентус во низа во Серија А, и четврти меч на кој Роналдо и Дибала се стрелци. „Старата дама“ сега одново има +7 на врвот и вечер реалаксирано ќе го гледа дуелот помеѓу Лацио и Милан.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе