Португалецот прави шокантен трансфер

Роналдо го убедил Симеоне да го доведе во Атлетико Мадрид

Кристијано Роналдо се поврзува со шокантна преселба во Атлетико Мадрид, наводно Португалецот го убедил Диего Симеоне за трансфер на „Ванда Метрополитано".

Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед, напаѓачот бил понуден на неколку гиганти ширум Европа но во моментов никој не сака сериозно да загриза.

По трансферот на Роберт Левандовски во Барселона, многумина веруваа дека Баерн Минхен ќе се обиде да го донесе ЦР7, но „баварците“ веднаш побрзаа да ги демантираат гласините.

Утрово АС го поврза Кристијано Роналдо со шокантна преселба во Атлетико Мадрид, наводно Португалецот го убедил Диего Симеоне за трансфер на „Ванда Метрополитано“.

Сега Атлетико Мадрид треба да се ослободи од неколку фудбалери за да направи место во буџетот за пристигнување на Кристијано Роналдо. 

Останува да се види дали има вистина во ваквите шпекулации, многумина се сомневаат дека ова е само тактика на Жорж Мендеш и посочуваат што направи агентот минатото лето.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе