Зборовите на Португалецот може да бидат пресудни

Роналдо го советувал Дибала да ја прифати понудата од Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо кој е поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед го советувал Пауло Дибала да не ја пропушти шансата да се пресели на Олд Трафорд.

Дибала на „ВатсАп“ групата на Јувентус, го распрашувал Роналдо за Манчестер јунајтед.
 
Роналдо му рекол дека мора да оди во Манчестер јунајтед и таму да стане шампион. Португалецот му кажал само убави зборови за англискиот клуб и му рекол дека во моментов тоа е најдоброто место за него.
 
Манчестер јунајтед и Јувентус имаат договор за размена на Лукаку и Дибала која можеби ќе го вклучи и Манџукиќ, но аргентинскиот фудбалер ја кочи работата.
 
Се уште размислува дали да се пресели во Манчестер јунајтед. Можеби зборовите од Роналдо ќе бидат пресудни.
 
Преодниот рок во Англија трае до 8. август, па наскоро ќе видиме дали Дибала ќе стане нов играч на Манчестер јунајтед.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе