Португалецот стрелец на единствениот гол на мечот

Роналдо го реши и Суперкупот на Италија, ЦР7 донесе трофеј за Јуве во Џеда (ВИДЕО)

Пресметката помеѓу Јувентус и Милан во Саудиска Арабија заврши со триумф на „старата дама", Кристијано Роналдо погоди за 1-0 и трофејот од Суперкупот на Италија.

„Старата дама“ на последните четири пресметки од Суперкупот на Италија дури во три наврати остана со празни раце, но Кристијано Роналдо се погрижи Јувентус сега да стигне до трофеот.

Португалецот го постигна единствениот гол на мечот. Во 61. минута од мечот, ЦР7 доби одлична топка од Пјаниќ и со глава ја затресе мрежата на Милан. Но за голот голем виновник е и Донарума, кој ја имаше топката на рака, но реагираше многу лошо.

Милан беше рамноправен противник во првиот дел, но по примениот гол не можеше да стори ништо, особено што Кеси доби црвен картон во 73. минута од мечот. Судијата најпрво покажа жолт, но од ВАР собата доби совет да го прегледа одново стартот, по што Банти ја преиначи одлуката и го испрати фудбалерот од БСК во соблекувалната.

„Росонерите“ во финишот бараа и пенал за еден несмасен старт на Џан, но судијата не досуди ништо, ниту пак ВАР се огласи.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе