Солшер е под голем притисок

Роналдо го препорачал Зидан, Манчестер јунајтед веднаш стапил во контакт

Медиумите од Англија пренесуваат дека Кристијано Роналдо го препорачал Зинедин Зидан како наследник на Оле Гунар Солшер, „ѓаволите" стапиле во контакт со Французинот и се распрашувале за можноста да седне на клупата на Олд Трафорд.

Оле Гунар Солшер е под притиск, Манчестер јунајтед се мачи со формата на почетокот од сезоната, „ѓаволите“ имаат само еден бод од последните три меча во Премиерлигата.

Се говори дека раководството има доверба во Норвежанецот и во моментов не размислува за отказ, но работите можат да се променат доколку формата не се подигне во следниот период.

Кристијано Роналдо на ум веќе има наследник на Оле Гунар Солшер и го препорачал Зинедин Зидан.

Се шпекулира дека Манчестер јунајтед за време на паузата за репрезентативни настапи стапил во контакт со Французинот и се распрашувал за можноста да седне на клупата на Олд Трафорд.

Зинедин Зидан претходно се поврзуваше со Њукасл, но извештаите велеа дека стратегот ги одбил милионите на Арапите бидејќи има други планови и преферира да го презеде кормилото на Франција или Јувентус.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе