Сантош ги откри адутите за континенталниот собир

Роналдо го предводи составот на Португалија за ЕВРО 2020

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош го објави составот за ЕВРО 2020, Кристијано Роналдо ќе го предводи тимот во кој има и едно изненадување во името на Педро Гонсалвеш.

Фернандо Сантош со проверени сили ќе настапи на континенталниот собир, во составот од 26 фудбалери, има дури 11 кои во 2016 стигнаа до триумф на Европското првенство. Кристијано Роналдо го предводи тимот во кој единствено изненадување е 22 годишниот Педро Гонсалвеш.

Фудбалерот на Спортинг нема ниту еден настап за сениорската репрезентација и всушност ова му е прв повик, но веројатно и заслужен откако ја заврши сезоната во првенството на Португалија како најдобар стрелец со 23 погодока.

Составот на Португалија за ЕВРО 2020:

Голмани: Руи Патрисио, Антони Лопез, Руи Силва

Одбрана: Жоао Кансело, Нелсон Семедо, Жозе Фонте, Пепе, Рубен Диаш, Нуно Мендеш, Рафаел Гереиро

Среден ред: Данило, Жоао Паљиња, Рубен Невеш, Бруно Фернандеш, Жоао Мутињо, Ренато Санчез, Сержо Оливеира, Вилијам Карваљо,

Напад: Педро Гонсалвеш, Андер Силва, Бернардо Силва, Кристијано Роналдо, Диого Жота, Гонсало Гуедеш, Жоао Феликс, Рафа Силва.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе