Не му се верувало кога ја видел собата

Роналдо го однел својот син во куќата во Мадеира, а тој во чудење го прашал: Тато, навистина ли живееше тука?

ЦР7 можеби сега е еден од најбогатите спортисти и ужива во раскош, но потекнува од сиромашно семејство, неговиот син Кристијано џуниор не можел да поверува каде живеел кога ја видел куќата во Мадеира.

Неговите деца не живееле на начинот на кој Кристијано Роналдо живеел пред да стане славен фудбалер. Тој до својата 12. година живеел во Мадеира кога се преселил во Лисабон со цел да си ја проба среќата во фудбалот.

Од детството во Мадеира, Кристијано го има и својот најдобар пријател Мигел Паишао. Роналдо посакал да го посети местото каде што живееле и со себе го земал неговиот син.

„Бев возбуден да го посетам местото каде што пораснав. Тој веќе знаеше за Мадеира и местото Маркес де Помбал. Дојде со мене и таму ги имаше истите луѓе кои живееа во тоа време. Искрено тоа ме допре, не очекував да ги видам истите луѓе“, изјави Роналдо за „ТВИ“.

„Бев со Паишао и Кристијано џyниор, влеговме во собата каде што престојував. Син ми се сврте накај мене и ми рече: „Татко, навистина живееше тука?“ Не му се веруваше. Мислат дека се е лесно во животот. Квалитетот на животот, куќите, облеката... мислат дека сето тоа паѓа од небо. Тоа се обидувам да му објаснам на мојот син. Дури и кога одам во некои училишта, се обидувам да им кажам дека само со талентот нема далеку да стигнете. Работата и посветеноста може да ве донесе до се што ќе посакате“.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе